Директорот на АПЈ Илбер Села на промоцијата на книгата за Ремзи Несими

129

Во продолжение на активностите во рамките на научно-културната манифестација по повод одбележувањето на 111-годишнината од Битолскиот конгрес денеска бeше промовирана книгата на Ремзи Несими „За албанскиот јазик” и 24. том на списанието „Scupi“ каде беа објавувани трудовите на научната сесија со наслов „Придонесот на професорот Ремзи Несими за албанскиот јазик и албанската лингвистика“. На настанот учествуваше и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села.
Во присуство на членови од семејството и колеги од Катедрата за албански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде професорот Ремзи Несими работеше долги години, се говореше исцрпно за неговиот придонес и работа кои оставиле длабоки траги во албанската лингвистика.
Обраќање пред учесниците имаа проф. д-р Авзи Мустафа, лингвистите д-р Ќемал Мурати и д-р Хидајете Азизи и одговорниот уредник – д-р Зеќирија Ибрахими. Во оваа прилика тие потенцираа дека професорот Ремзи е истакната личност на албанскиот интелектуален свет, кој дал вреден труд во филолошките науки, во областа на дијалектологијата преку промовирање на духовното и лингвистичкото богатство и вредности на албанската култура воопшто.

Можеби исто така ви се допаѓа