Директорот на АПЈ Илбер Села го посети Националниот конзерваторски центар

118

Директорот на АПЈ, Илбер Села во текот на денешниот ден го посети директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани за да види од блиску до каде е овој центар со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

Во текот на оваа средба, директорот Селмани зборуваше за предизвиците со кои се соочува центарот, првично со неговите задачи како што е реконструкцијата на објекти од културното и верското наследство. Што се однесува до примената на Законот за употреба на јазиците, Селмани истакна дека досега е направено доволно, но додаде дека треба и многу работа до неговата целосна примена.

Во оваа прилика, директорот Села му понуди институционална помош и поддршка на неговиот хомолог за спроведување на сите обврски кои произлегуваат од примената на законот.

Можеби исто така ви се допаѓа