Директорот на АПЈ, Илбер Села, во посета на Општина Боговиње

20
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, во придружба на неговите соработници Неби Биљали, државен советник за превод, Шпреса Зеќири-Ибрахими, раководител на Одделението за поддршка на директорот и Нерџиван Куќи, соработник за односи со јавноста, денес ја посетија Општина Боговиње, каде што беа пречекани од градоначалникот на Општината, г. Бесник Емшиу со неговите соработници Минур Асани, одговорен за образование и Блерим Исаку, општински просветен инспектор.
На средбата беа присутни и наставниците по албански јазик од оваа општина, при што во една мошне успешна дискусија ги истакнаа проблемите во врска со природата на училишните текстови на овој наставен предмет, недостатокот на училишни лектири, како и употребата на стандардниот албански јазик.
АПЈ од нејзина страна се согласи дека преку различни проекти, по посетата што ќе ја направи во сите општини во коишто наставата се одвива на албански јазик, ќе излезе со стратегија и со конкретни предлози.
Можеби исто така ви се допаѓа