Директорот на Агенцијата за примена на Јазикот, Илбер Села учествуваше во тркалезна маса организирана во Универзитетот на Југоисточна Европа

120

Директорот на Агенцијата за примена на Јазикот, Илбер Села учествуваше во
тркалезна маса организирана воУниверзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), односно,
Факултетот за јазици, култури и комуникација на ЈИЕУ, во соработка со Генералниот
секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за примена на
јазикот, со тема: „Подигнување на јавната свест за спроведувањето на Законот за
употреба на јазиците“.

Во оваа прилика, Села рече дека исполнувањето на јазичните права е е од
витално значење за да се обезбеди сигурно учество на сите заедници во општеството,
иако работењето на двата официјални јазици, исто така дава тешкотии.
„Бидејќи јазичните права се составен дел од основното човеково право на слобода
на изразување, нивното исполнување е од витално значење, за да се осигура дека
членовите на сите заедници да можат ефикасно да учествуваат во општествотои да
имаат еднаков пристап до правдата. Работењето на два официјални јазици е сложена
работа која бара значителни буџетски ресурси, структурни промени во институциите и
специјализиран и обучен кадар“, рече Илбер Села.
Во својата дискусија, директорот Села спомна некои од активностите преземени за
градењето на Агенцијата.
“Некои од активностите превземени за градењето на Агенцијата се од техничка
природа:
Регистрација во Централен регистар,
Изработка на Правилникот за внатрешната организација на Агенцијата,
Создавањето на Сектори и Единици во Агенцијата,
Изработка на Правилник за систематизација на работните места,
Обезбедување работен простор,
Склучување на договори потребни за функционирање на Агенцијата,
Правењето на печат на Агенцијата,
Одобрување на планот за вработување,
Подготвување на финансиски план,
Подготовка на Работната програма“, додаде Села.
Како заклучок, директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села,
рече дека се бараат начини за обединување на терминологијата и за обука на
преведувачите.
„Државните институции до денес немале професионални преведувачи за да преведат
правни акти, но и други документи. Наместо ова, преводот е направен од лица кои можат
да комуницираат на двата јазика, и како резултат на ова се појавува широк спектар на
термини кои се несоодветно користени. Заради ова, Агенцијата многу сериозно бара
различни начини на обединување на терминологијата и обуката на преведувачите“, рече
Илбер Села, директор на Агенцијата.

 

Можеби исто така ви се допаѓа