Директорот на Агенцијата за примена на јазикот се сретна со Претседателот на РСМ

105

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска се сретна со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На средбата се разговараше за условите во однос на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на јавните институции во Република Северна Македонија.

Директорот Илбер Села го информираше претседателот Пендаровски за досегашните реализирани активности, како и за предизвиците и плановите на Агенцијата при спроведувањето на Законот. Тој го истакна значењето на примената на Законот од страна на институцијата Претседател на Република Северна Македонија и изрази очекување дека и другите институции во државата наскоро ќе го приспособат нивното работење согласно Законот за употреба на јазиците.

Двајцата соговорници констатираа дека почитувањето на Законот за употреба на јазиците дава значителен придонес за развојот и негувањето на меѓуетничкиот соживот, како и во остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија, полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Слики: pretsedatel.mk

 

Можеби исто така ви се допаѓа