Директорот Илбер Села зборуваше на откривањето на спомен-плочата на албански јазик во куќата на Мајка Тереза

125
Денес на плоштадот на Скопје, точно на местото каде што некогаш се наоѓаше родната куќа на Мајка Тереза, се одбележа 40-годишнината од нејзино прогласување за почеснен граѓанин. По тој повод, таму беше откриена и спомен-плоча на албански јазик.
Во оваа активност пред присутните зборуваше директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), Скендер Хасани, кој, меѓу другото истакна дека од сега па натаму јазикот на Мајка Тереза ќе биде обележан заедно со другите јазици на спомен плочата, што ќе го надополни мултиетничкиот и повеќејазичниот мозаик.
Учесниците беа поздравени и од министерот за образование и наука на РСМ, Арбер Адеми, кој по тој повод му го достави на директорот на ИДКНА, Скендер Хасани, актот на регистрација од Централниот регистар на Одделот за проучување на животот и работата на Мајка Тереза во рамките на овој институт.
Покрај тоа, директорот на Агенцијата за примена јазикот (АПЈ), Илбер Села, ги поздрави учесниците и истакна дека од денес, спомен-плочата, која го означува местото каде се роди Мајка Тереза, е исто така и на албански јазик. На овој начин овој јазик ќе остане рамноправен до другите јазици. Се разбира, овој чин исто така се совпаѓа со официјалната примена на албанскиот јазик, работа која веќе успешно се спроведува од АПЈ.
Можеби исто така ви се допаѓа