Директорот Илбер Села го посети Фондот за здравствено осигурување

120

Денешната посета на директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села и неговите соработници, како дестинација го имаше Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, каде беше пречекан од неговите хомолози, Орхан Рамадани и Ден Дончев.
За време на оваа средба се разговараше за многу прашања поврзани со спроведувањето на двојазичноста во оваа институција, особено за тешкотиите и дилемите што се појавуваат во текот на овој процес. Првата фаза од спроведувањето на двојазичноста во ФЗОМ веќе е завршена, но втората фаза се соочува со објективни тешкотии и пречки заради обемната активност низ целата земја, кои во секој случај мора да се надминат.
И покрај некои мали несогласувања за време на разговорот, двете страни го поделија мислењето дека треба да се спроведува она што е утврдено со Законот за употреба на јазиците. Во оваа прилика, директорот Илбер Села нуди конкретна помош во превод и лекторирање на разни документи и обрасци за потребите на оваа институција.

 

Можеби исто така ви се допаѓа