Директорот Илбер Села го посети Државниот инспекторат за техничка инспекција

295

Во рамките на редовните посети на различни државни институции, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села и неговите соработници, го посетија и Државниот инспекторат за техничка инспекција, каде беше пречекан од неговиот хомолог Екрем Буњаку. Во текот на оваа средба се зборуваше во врска со завршувањето на првата фаза на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.
По тој повод, директорот Екрем Буњаку, не само што ја реализирал успешно првата фаза на споменатиот закон, но сега тој ги презентираше и сите официјални документи од втората фаза, кои ги реализирал пред време, како што се разлчни обрасци, меморандуми, записници, книга за уплатни налози, книга за внатрешни доставувања, книга за пошта, книга за регистрација на актите, книга за примања на предметите, книга за поднесување итн.
На овој начин, спроведувањето на двојазичноста во оваа институција е направено целосно и може да послужи како еден добар пример и за сите други институции во Република Северна Македонија.

Можеби исто така ви се допаѓа