Директорот Илбер Села ги достави обрасците до заменик- директорот на Државниот завод за статистика

86

Денес во Агенцијата за примена на јазикот беше заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Зирап Адеми, кој беше пречекан од директорот Илбер Села. Во оваа прилика, директорот Села му ги врачи обрасците преведени на албански јазик и лекторирани од услугите на AПЈ, кои припаѓаат на различни области како што се: земјоделството, сообраќајот, енергијата, образованието и др. Посебно тука треба да се споменат обрасците за образование што студентите Албанци од нашите универзитети сега ќе ги имаат на албански јазик.

Можеби исто така ви се допаѓа