Директорот Илбер Села ги достави обрасците до претставникот на Фондот за здравствено осигурување

62

Денес во Скопје, во Агенцијата за примена на јазикот, престојуваше претставникот на Фондот за здравствено осигурување, Арбен Салиу, кој беше пречекан од директорот, Илбер Села. Во оваа прилика, директорот Села му ги достави лекторираните обрасци на албански јазик од службите на АПЈ, обрасци кои припаѓаат на здравствениот сектор. Потсетуваме дека, од нашата последна средба што ја имавме во оваа институција, примената на албанскиот јазик се соочува со објективни потешкотии и пречки поради широката активност низ целата земја, но кои наскоро ќе бидат надминати.

Можеби исто така ви се допаѓа