ДЕМАНТ – Во врска со изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски

41

Во врска со изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, дадена на 1 март 2021 година за медиумот ТВ 21 во врска со наводите дека Агенцијата за примена на јазикот на РСМ (АПЈ) не врши превод на класификациите коишто се бараат за пописот, би сакале да упатиме демант на ваквата лажна и тенденциозна изјава на директорот Симовски и да укажеме на следните факти:

Во интерес на остварувањето на правата на граѓаните, на иницијатива на директорот на АПЈ, Илбер Села, на 10 септември 2019 година беше одржана работна средба со директорот Симовски, на којашто беше понудена стручна помош од страна на АПЈ во делот на превод и лекторирање на обрасци и формулари коишто ги користи Државниот завод за статистика за статистички цели.

Конкретната помош којашто беше побарана од АПЈ за превод и лектура на службени обрасци од различни статистички области, беше целосно реализирана од стручните служби на АПЈ, при што на последователна работна средба со Зирап Адеми, поранешниот заменик директор на Државниот завод за статистика, одржана на 23 декември 2019 година, преведените и лекторирани акти беа предадени на Државниот завод за статистика. За наведеното постојат и докази во архивата во АПЈ, како и медиумски соопштенија коишто се јавно достапни на службената веб страница на АПЈ.

Дополнително, на 24 февруари 2021 година, до АПЈ беше доставено на превод и лектура Упатство за попис на население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, 2021, коешто на 25 февруари беше доставено до Државниот завод за статистика преведено и лекторирано и на албански јазик. Воедно, Државниот завод за статистика на 25 февруари и 1 март оваа година по електронска пошта достави на превод и лектура и останат материјал во врска со пописот којшто е обемен и за којшто е потребно време за обработка, но ќе биде навремено предаден на Државниот завод за статистика.

Од овие причини, секогаш кога Државниот завод за статистика имал потреба за соработка и стручна помош, АПЈ излегувала во пресрет на барањата без одлагање. Во овој контекст, цениме дека се неосновани обидите на директорот Симовски да се прикаже АПЈ како неконструктивен партнер, имајќи во предвид дека АПЈ секогаш била и понатаму ќе биде отворена за соработка со било која јавна институција, вклучително и со Државниот завод за статистика, заради остварување на граѓанскиот интерес и заради целосна и доследна имплементација на Законот за употреба на јазиците. Доколку директорот Симовски смета дека нашите на
води се невистинити, го повикуваме јавно со докази да ги поткрепи своите тврдења.

Можеби исто така ви се допаѓа