Делегација на Агенцијата за примена на јазикот го посети Универзитетот на Скадар

93

На 14 октомври, Универзитетот на Скадар „Луиѓ Гуракуќи“ беше посетен од делегација на Агенцијата за примена на јазикот, предводена од нејзиниот директор, Илбер Села. Делегацијата беше причекана од ректорот на овој Универзитет, Адем Бектеши, деканката на Факултетот за општествени науки, Мимоза Прику, директорот на Центарот за албанолошки студии, Артан Хаџи, и Едлира Бушати.

Ректорот Бектеши, искажувајќи добредојде, нагласи дека „законот за официјализирањето на албанскиот јазик во Република Северна Македонија и формирањето на Агенцијата за примена на јазикот била добра вест и за нас во Албанија. Следствено, изборот за посетата на Универзитетот во Скадар и барањето поддршка од нас, нѐ усреќи многу,“ додаде тој. Понатаму, тој зборуваше за албанолошките студии во овој Универзитет, соработка со различни центри и др. Тој рече дека се спремни за секоја форма на соработка и придонес во однос на албанскиот јазик, вети дека помошта ќе биде безусловна, бидејќи јазикот е заедничка задача.

Друг предлог на ректорот беше Катедрата за јазици од овој Универзитет да го посети Скопје за да се запознае блиску со институцијата АПЈ.
Од друга страна, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, ги извести домаќините со работата и активностите на Агенцијата. Тој рече дека оваа средба има голема вредност за нив и не е случајно што Скадар е избран за посета. Главната цел е взаемното запознавање, изнаоѓањето на соработници за нашите проекти, за семинари, изготвување на речници, различни работилници и сл.

Скадар, 14.10.2019

Можеби исто така ви се допаѓа