Делегација на Агенцијата за примена на јазикот се сретна со претседателот на ДИК

105

Со оглед на најавата на Владата на РСМ за нов изборен циклус во април следната година, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска оствари работна средба со претседателот на ДИК за да ја понуди својата поддршка за правилна примена на албанскиот јазик во материјалите што ќе треба да бидат подготвени за непречено одвивање на овој процес.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, придружуван од потпретседателката Дитмире Шеху и други членови на ДИК, изрази задоволство од интересот на директорот Села да им помогне на институциите на земјата во правилната примена на јазикот, признавајќи дека на ДИК сигурно ќе му треба стручен персонал на преведувачи поради сложеноста на материјалите и дека ќе биде подготвена да ги почитува сите законски одредби од Законот за употреба на јазиците.
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, рече дека Институцијата што ја води сериозно пристапи кон правилно спроведување на Законот за употреба на јазиците во институциите, па затоа тој веќе испратил анкетни прашалници до сите институции за да се запознаат со нивната потреба да вклучуваат стручен персонал во составувањето на двојазичните материјали.

Скопје, 29.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа