Делегацијата на Агенцијата за примена на албанскиот јазикот ја посети Академијата за албанолошки студии во Тирана

71

По бројните посети на Република Албанија, делегацијата на Агенцијата за примена на албанскиот јазик, предводена од директорот Илбер Села, ја посети и Академијата за албанолошки студии.

Делегацијата беше пречекана од претседателот на академијата, Маренглен Верли и неговите соработници.
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, го информираше домаќинот за работата и заложбите што оваа агенција ги прави во примената на Законот за употреба на јазиците. Тој, исто така, ја истакна потребата за познавање и меѓуинституционална соработка.

Претседателот на оваа академија, Маренглен Верли истакна дека нивната помош ќе биде непроценлива во однос на изготвување на терминолошките речници, како и вети дека на агенцијата ќе и бидат обезбедени сите речници во електронска форма итн.

Тој, исто така, вети дека за потребите на Агенцијата за примена на албанскиот јазик ќе бидат доделени неколку копии од издавањата на Академијата за албанолошки студии.

Тирана, 15.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа