Говор на директорот на АПЈ при промоција на Прирачникот на административните службеници за примена на Законот за употреба на јазиците

26
На почетокот сметам дека е потребно да кажам неколку зборови за овој прирачник што го имаме в раце, што е изготвен особено за потребите на административните службеници во врска со практичната примена на Законот за употреба на јазиците.
Можеби неговата единствената цел е подобро да ги ориентира административните службеници во неговата суштина и истовремено да им го олесни комуницирањето на службените јазици, како основно право во секојдневниот институционален живот.
Тргнувајќи од ова, може да се каже дека сѐ што е опфатено тука, целосно се базира на Законот за употреба на јазиците, во кој јасно се дефинира кои се службени јазици во Република Северна Македонија, кое е индивидуалното право на службениците за комуницирање преку нив, кои се обврските што треба да ги вршат итн.
Сето ова првенствено е поставено во поширок историски и политички контекст, како долг процес со многу предизвици и тешкотии, за да се дојде до усвојување на новиот закон што го унапредува албанскиот јазик во службена употреба. На овој начин се дава целосна слика во врска со организирањето на законодавството, јазичното планирање, со европските јазични политики итн. Во оваа насока, како неопходен тек се појавува и усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, со кој се надминуваат многу двоумења и предрасуди, а сигурно се отвора и патот на институционалното комуницирање на мајчин јазик.
Овој прирачник конкретно ги упатува, добро им објаснува на административните службеници, точно ги ориентира кон законското право, создава свест за негова практична употреба. Затоа во него се дадени сите обрасци што им се потребни во административното комуницирање: како се пишува молба, барање, соопштение, записник, покана, договор, жалба итн. Покрај овие, посебно се дадени објаснувања и за службената употреба на јазиците во правосудството, во раководењето, менаџирањето, во финансиите итн.
Имајќи ја предвид оваа толку широка содржина, можеме да кажеме дека овој прирачник ќе служи како конкретна помош за примена на Законот за употреба на јазиците. Се надевам ќе стане основен прирачник во секојдневната работа на административните службеници.
Можеби исто така ви се допаѓа