ГОВОР НА ДИРЕКТОРОТ НА АПЈ, ИЛБЕР СЕЛА, НА XII ИЗДАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОВИ НA АЛБАНОЛОГИЈАТА

3
Почитувани пријатели!
Најпрвин, дозволете да кажам неколку зборови во рамките на оваа активност, која се однесува на албанологијата. Сосем разбирливо е дека на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, главната преокупација е албанскиот јазик и неговата практична примена во државните институции во земјава.
Имено, покрај ова, ние сè повеќе ја шириме нашата активност и од научен аспект, преку научни собири и средби што сме ги организирале досега, со различни научни публикации што сме ги објавиле итн. Затоа, нашето присуство на овој настан е со цел да дадеме скромен придонес во третирањето на албанскиот јазик, како суштинско прашање на албанологијата како наука.
Преку заемна соработка со институциите од сите албански простори, успеваме да го афирмираме интересирањето, улогата и нашиот ангажман за интерес на албанскиот јазик. Учествувајќи и на „Деновите на албанологијата”, уште повеќе докажуваме дека нашата посветеност е целосна ̶ да станеме „заеднички глас“ во сите стратегии на албанолошките студии, особено во делот што се однесува на албанскиот јазик.
Свесни сме дека ова е широко поле, но доволно е преку нашата посветеност да бидеме дел од овој мозаик што дава поддршка, соработува и придонесува за албанскиот јазик. Ангажирањето на најистакнатите албански студенти и лингвисти во нашите активности, консултациите за различни терминолошки прашања, градењето стратегии за усогласување на терминологијата низ сите албански краишта, подготовката на различни јазични прирачници, составувањето речници, се само дел од правците и конкретните проекти што сме ги реализирале досега во рамките на нашата институција. Но оваа дејност ќе продолжи и понатаму, соработувајќи со сите албанолошки институции ̶ за да бидеме во целосна синхронизација во однос на третирањето и проучувањето на албанскиот јазик.
Да не должам повеќе, на крај, сакам да истакнам дека Агенцијата за примена на албанскиот јазик го следи патот на стратешки партнер во албанолошките, односно во јазичните студии. Во таа насока, се обидуваме со работа и со наша посветеност да го подигнеме албанскиот јазик на посакувано ниво, отворајќи го патот за соработка и научна размена. Тука треба да се наведе и фактот дека нашиот интерес кон другите институции е голем, но тоа треба да е и обострано. Ако имаме заеднички интереси за албанскиот јазик, ќе ги исполниме нашите научни, но и национални обврски.
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа