Говор на директорот на АПЈ, Илбер Села на промоцијата на двете книги на Рамиз Абдул

26
Драги пријатели!
10 Јуни или Денот на Призренскиот сојуз, без сомнение е еден од позначајните настани во историјата на албанскиот народ.
Затоа неговото одбележување неизбежно претставува национална задача и факт е дека треба да им бидеме благодарни на оние што ги поставиле темелите на државата, на нацијата и на јазикот, да се поклониме пред нивните жртви за скапоцените национални идеали и особено да го продолжиме нивниот пат од аспект на давање национална помош во сите можни форми.
Исто така, и двете книги што денес ги промовираме, „Скопје во Призренскиот сојуз“ и „Дејноста на Клубот во Скопје“ на авторот Рамиз Абдул, претставуваат посебна форма за одбележување на овој датум. Тие се од големо значење за појасно разбирање дека Албанците од овој центар, како што беше Скопје, никако не биле индиферентни кон настаните од ова време, туку активно се вклучиле, давајќи го својот национален, политички, општествен, културен, просветен и друг придонес.
Со оглед на тоа што ние, денешните генерации што живееме и што дејствуваме во Скопје, сме оние што ја продолжуваат оваа кауза, што уште повеќе нè прави да се чувствуваме горди. Во овој контекст, сакам да истакнам дека Призренскиот сојуз беше далекувидна и стратегиска организација на Албанците, којашто ја изгради сенародната свест на државата, на нацијата и на јазикот.
Во тој дух и Агенцијата за примена на јазикот, којашто чест ми е јас да ја раководам, продолжува посветено да работи за примената на албанскиот јазик во државните институции, исполнувајќи го аманетот на нашите предци коишто дејствувале во рамките на Призренскиот сојуз. Без грижа и негување на албанскиот јазик ќе немаме ниту нација. Затоа ќе дадеме сè од себе за свесно и со потполна одговорност да ја продолжиме нашата мисија.
Посакувам ваквите книги да служат како патоказ за денешните генерации, за да се сфати и да се работи за националната кауза.
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа