Говор на директорот на АПЈ Илбер Села во промовирањето на Прирачникот за примена на Законот за употреба на јазиците

80

Ми претставува посебна чест и задоволство да го презентирам накратко Прирачникот за примена на Законот за употреба на јазиците, прв од ваков вид овде кај нас, со цел да бидат на едно место законодавството, политиките и улогата на институционалните структури на Република Северна Македонија, така што процесот на почитување на правото на употребата на албанскиот јазик, како основно право на Албанците, да се спроведува ефикасно и одговорно, што е во интерес и стабилност на ова општество каде живееме.
Пред сѐ, ова значително ќе придонесе во однос на подобра презентација на институциите, за попозитивен имиџ и за повисоко ниво на функционирање на законот.
Низ годините што останаа зад себе, државните институции на високо ниво постојано се залагаа за создавање на доволна правна основа за службена употреба на јазиците, како на централно така и на локално ниво.
Како што ни е познато, Република Северна Македонија веќе има понапредно законодавство со кое појасно се уредува употребата на јазиците во институциите. И, колку и да е целосна оваа правна инфраструктура за употреба на јазиците, сепак при практично спроведување се појавуваат разни потешкотии и предизвици.
Всушност, овој прирачник не го менува важечкиот закон, но дава јасно објаснување за неговата примена во општествена пракса.
Затоа, сите граѓани, претставници на институции, креатори на политики, планери и практичари, имаат во своите раце олеснет пристап до информации за институционални обврски кон правата на граѓаните за употребување на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.
Дозволете ми да им се заблагодарам на сите оние кои дадоа вреден придонес во изготвувањето на овој прирачник.

Можеби исто така ви се допаѓа