Вчера беше успешно крунисана повеќедневната културно-научна манифестација „Деновите на азбуката на албанскиот јазик“ посветена на 111-годишнината од Битолскиот конгрес и 12-годишнината од основањето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје.

69

Манифестацијата со краток говор ја поздрави и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села. Исто така говор одржаа и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимоние, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на албанците – Скопје, Скендер Хасани. Благодарност изразија и американските гости – Каролин Дул – градоначалничка на општина Стаунтон, Вирџинија и Робин Вон Селденек, директорка на Музејот на претседателската библиотека „W Wilson” во Стаунтон.

Учесниците беа поздравени и од градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и албанологот Дејвид Хосафлук. Говор одржа и наследникот на семејството на Хасан Приштина, Мехмет Приштина.

Скопје, 23.11.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа