Втора недела од Oбуката за преведувачи и лектори, организирана од АПЈ

43
Предавања на професорите Аслан Хамити и Исмет Османи
Со предавањето на професорите по албански јазик, Проф. д-р Аслан Хамити и Проф. д-р Исмет Османи, денес започна втората недела од Oбуката за преведувачи и лектори од јавниот сектор, поделени во шест групи.
Проф. д-р Аслан Хамити, професор од Катедрата за албански јазик и литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес и во деновите што следуваат, со учесниците на обуката ќе ги обработува падежите и фразеологизмите во албанскиот јазик и еквивалентните форми во македонскиот јазик.
„Оваа обука, како и секоја друга, е мошне корисна. На истата, преведувачите од разни институции, се во директна средба, каде што разменуваат меѓусебни искуства. Но, од друга страна, на оваа обука предаваат еминентни професори од разни области на лингвистиката, коишто со нивните длабоки теориски познавања, им помагаат на учесниците да ги решат практичните проблеми“, – рече тој.
„Главната тема што ја обработивме денес и што ќе ја обработуваме и во идните денови, со сите групи, е споредбена граматика помеѓу албанскиот и македонскиот јазик и посебно внимание ќе посветиме на падежните форми на албанскиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик. Исто така, од важност се и фразеологизмите во двата јазика, затоа што имаат свои специфичности“, рече тој, заклучувајќи дека: „Овие две теми се од големо значење за работата на преведувачите, затоа што го содржат главниот проблем во преводот“.
Проф. д-р Исмет Османи, кој е исто така професор на Катедрата за албански јазик и литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на неговите предавања ќе го обработува проблемот со терминологијата, со којшто преведувачите и лекторите секојдневно се соочуваат.
„Темите коишто ќе ги обработувам се од полето на специјализираното предавање-стручна терминологија. Таа содржи еден од значајните лексички потсистеми, што мислам дека за време на обуката ќе се обидеме да ги пронајдеме еквивалентите во албанскиот јазик, за да ги отстраниме непотребните позајмени (навлезени) зборови од странските јазици“ вели Проф. д-р Исмет Османи.
Тој мисли дека Агенцијата за примена на јазикот извршува една голема задача во унапредувањето на знаењата и вештините на преведувачите, кои се вработени во државните институции, во најзначајниот процес на преводот, при примената на албанскиот јазик како службен јазик.
„Мислам дека оваа обука ќе им ја олесни работата и пред сè ќе ги мотивира преведувачите и лекторите за да бидат покреативни на полето на преводот“, потенцираше проф. И. Османи.
Можеби исто така ви се допаѓа