Во АПЈ беше промовирана книгата Atlas dialektologjik i të folmeve shqipe në RMVод Мустафа Ибрахими

45
Денес во Агенцијата за примена на јазикот беше промовирана книгата „Atlas dialektologjik i të folmeve shqipe në RMV” (I-II) од авторот Мустафа Ибрахими. На почетокот, учесниците ги поздрави директорот на АПЈ, Илбер Села, кој меѓу другото, истакна дека Мустафа Ибрахими е соработник на АПЈ од нејзиното основање, секогаш покажувајќи волја и подготвеност да помогне во нејзините активности. Затоа, тој додаде, денешната книга е продолжение, што ни ја нуди како ексклузивитет со цел да ја презентираме низ призмата на научната светлина.
За научните вредности на оваа книга, зборуваа професорот Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Марјан Марковиќ од Македонската академија на науките и уметностите, Неџип Меркури, универзитетски професор од Валона, кои посочија на некои научни аспекти што го карактеризираат ова дело од областа на дијалектологијата.
На крај, неколку зборови на благодарност кажа и авторот Мустафа Ибрахими, кој се заблагодари за промоцијата организирана од страна на АПЈ.
Можеби исто така ви се допаѓа