Воспоставена соработка со ВЈО Скопје и ОЈО Скопје

5
Во рамките на денешната интензивна работна агенда, директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари посета и на Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Скопје, каде што оствари средба со раководителите на овие две институции, г. Мустафа Хајрулахи и г. Гаврил Бубевски.
На средбата директорот Села истакна дека од особена важност е примената на Законот за употреба на јазиците во работењето на јавните обвинителства на сите нивоа и дека АПЈ е отворена за соработка, размена на мислења и стручни консултации. Воедно, истакна дека АПЈ подготвува публикација која ќе ја опфати употребата на јазиците, со осврт на правосудниот сектор, и дека истата се планира наскоро да биде промовирана.
Од друга страна, беше констатирана неповолната состојба со екипираност на човечки ресурси за превод и лекторирање на службените акти и во тој дел беа договорени активности кои треба да се преземат заради надминување на ваквата состојба и овозможување на непречено функционирање на овие две обвинителства.
Скопје, 8.3.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа