Венецијанската комисија се интересира за Закон за употреба на јазици и Агенција за примена на јазикот

118

Делегација од Венецијанската комисија денес престојуваше во Скопје, каде ја посети и Агенцијата за примена на јазикот.

Комисијата се интересираше за Законот за употреба на јазиците, воопшто, и особено за активностите на Агенцијата.

Во оваa прилика, Венецијанската комисија беше пречекана од директорот на Агенцијата, Илбер Села, кој ја информираше делегацијата за напредокот во работата на Агенцијата за примена на јазикот.
Комисијата беше детално информирана за започнувањето со работа на Агенцијата, предизвиците, проблемите и планираните проекти што треба да се спроведат во блиска иднина.

Делегацијата од Венецијската комисијата беше заинтересирана да дознае повеќе за состојбата со примената на албанскиот јазик, како и за можните пречки или приговори што може да се појават во однос на овој процес.

Агенцијата истакна дека темпото на имплементација на албанскиот јазик треба да продолжи, како и да се работи кон мултиетничка, мултикултурна, повеќејазична и пред се европска Македонија.

Можеби исто така ви се допаѓа