Благодарност на АПЈ кон новинарот Селадин Џезаири

7
Доајенот на албанското новинарство, Селадин Џезаири, којшто се пензионираше овие денови, вчера ја посети Агенцијата за примена на јазикот, каде што беше пречекан од страна на директорот Илбер Села и неговите соработници. Во оваа прилика, Села му изрази голема благодарност за неговата професионална работа во ТВ Клан, како и за вниманието што го посветил кон АПЈ уште од нејзините почетоци, секогаш оставајќи ѝ простор да се презентираат нејзините успеси, од аспект на примената на албанскиот јазик во државните институции. Исто така, директорот на Агенцијата му подари и неколку изданија од АПЈ, како и една гравура, во знак на сеќавање.
Можеби исто така ви се допаѓа