Библиотеката на АПЈ се збогати со уште неколку речници

8
За време на посетата во Тирана, делегација на Агенцијата за примена на јазикот, предводена од директорот Илбер Села, оствари средба и со заменик-ректорот на Академијата за албанолошки студии, Валтер Мемиша. Во оваа прилика тој помогна и успеа да обезбеди значителен број различни речници, особено терминолошки речници од различни области. Овие изданија сега ќе ја збогатат библиотеката на АПЈ и ќе им служат на преведувачите и лекторите.
Можеби исто така ви се допаѓа