Библиотеката на АПЈ се збогати со Речник на поими од образованието

48
Агенцијата за примена на јазикот ја посетија авторите на Речникот на поими од образованието, албанско-македонски и македонско-албански, м-р Ардиана Исахи Палоши и м-р Ридван Зеќири. Тие беа пречекани од директорот Илбер Села со неговите соработници. На средбата тој ги информираше гостите во врска со активностите и проектите на институцијата што ја предводи.
На средбата тие разговараа и за многу проблеми што се однесуваат на албанскиот јазик, особено со терминологијата воопшто.
Гореспоменатите автори ја искористија средбата и подарија неколку примероци од овој речник на библиотеката на АПЈ. Така, широкиот мозаик на речници за потребите на преведувачите и на лекторите се збогати и со овој посебен речник.
Можеби исто така ви се допаѓа