Библиотеката на АПЈ се збогати и со некои терминолошки речници

175
Деновиве Агенцијата за примена на јазикот успеа да обезбеди и уште некои ретки речници за нејзините потреби, кои беа објавени пред многу години и е многу тешко да се најдат на продажба. Така, покрај многу други речници, од сега во својата библиотека ќе бидат следните: Терминолошки речник српско-хрватски – албански (автори Ш. Велиу, С. Дрини, А. Заими – објавен во 1961 година); „Македонски и албански речник“ (автори Миле Ќоревизорски и Љутфи Руси, објавен во 1967); Речник на техничка и научна терминологија – албански, српско-хрватски, руски, француски (изготвен од група автори, објавен во 1967 година), Речник за микробиологија (објавен во 1980 година); Речник на термините на политичката економија – албански, француски, руски (објавен во 1983); Терминолошки речник за бизнис на англиски – албански и албански – англиски (автор Неџми Реџа, објавенво 2001), Речник на основните термини за земјоделство – албански, англиски, француски, италијански, руски (изготвен од група автори, објавен во 2006), Четиријазичен речник на Данил Воскопојарит).
Се разбира, овие речници ќе им ја олеснат работата и дилемите со кои се соочуваат преведувачите и лекторите на Агенцијата за примена на јазикот.
Можеби исто така ви се допаѓа