АПЈ ја продолжува соработката со невладиниот сектор

55
Денес, во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) беше одржана работна средба помеѓу директорот на АПЈ, Илбер Села, и извршниот директор на здружението на граѓани Нансен Дијалог Центар Скопје (НДЦ), Ветон Зеколи.
Во рамките на средбата, г-динот Зеколи за потребите на библиотеката на АПЈ изврши примопредавање на неколку примероци од македонско-албански и албанско-македонски разговорник, во издание на НДЦ.
Директорот Села се заблагодари за обезбедените примероци од разговорникот и воедно го информираше својот соговорник дека во 2021 година АПЈ планира да преземе активности за креирање на дигитален речник, како и отпочнување со активности за тренинг на преведувачи и лектори од институциите од јавниот сектор.
Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продолжување и унапредување на меѓусебната соработка во насока на размена на искуства и соработка на проекти од заеднички интерес.
Можеби исто така ви се допаѓа