АПЈ ја посети група студенти од УТ

58
Денес група студенти од четврта година на Универзитетот во Тетово (УТ), коишто студираат на Факултетот за јавна администрација, на програмата за јавна администрација, во придружба на нивниот професор, Јахи Јахиу, ја посетија Агенцијата за примена на јазикот на РСМ (АПЈ).
Тие беа пречекани од страна на директорот Илбер Села и соработниците Ваљмира Аџиреџа и Јетон Сулејмани. Во оваа прилика, директорот Села им искажа добредојде, посакувајќи им успех во нивните студии. Во меѓувреме, Ваљмира Аџиреџа и Јетон Сулејмани презентираа поопширен материјал за АПЈ, за основањето како институција, за предизвиците, за досегашната работа и за целите во иднина.
Исто така, на студентите им се подарија изданија од АПЈ. Оваа посета ќе им помогне подобро да се запознаат со работата на јавната администрација, чијшто дел во иднина може да бидат и тие.
Можеби исто така ви се допаѓа