АПЈ продолжува со заложбите за поголема соработка со Делегацијата на ЕУ

13
Директорот на АПЈ, Илбер Села оствари онлајн состанок со Сабри Тахир, офицер за политички прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Директорот Села му се заблагодари за можноста за средба и го запозна својот соговорник за досегашната работа на АПЈ, како и за реализираните проекти, а воедно констатираше дека постои простор за поголема соработка со Делегацијата на ЕУ, за што предложи неколку проекти што би можеле да се реализираат со заеднички напори.
Од друга страна, Тахир се заблагодари на исцрпната презентација за работата на АПЈ и се заложи за продолжување на комуникацијата со АПЈ преку остварување нова средба во седиштето на АПЈ на коишто би се разговарало за темите што беа предмет на дискусија на денешниот онлајн состанок.
Скопје, 24.03.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа