АПЈ потпиша договор за соработка со Центарот за студии и публикации на Арбрешите

12
Директорката на Центарот за студии и публикации на Арбрешите, Диана Кастрати, денес ја посети Агенцијата за примена на јазикот заедно со нејзините соработници, коишто беа пречекани од страна на директорот на АПЈ, Илбер Села. За време на посетата се зборуваше за работата на овие две институции, за состојбата на албанскиот јазик и особено за Арбрешите и нивниот јазик. Во оваа прилика,
г-ѓа Кастрати ѝ подари на АПЈ неколку изданија од Центарот од авторите Јероним Де Рада, Антонио Белуши, Орнела Радовицка, Клара Кодра, Силвана Нини.
Исто така, во оваа прилика се потпиша и договор за соработка помеѓу Агенцијата за примена на јазикот и Центарот за студии и публикации на Арбрешите. Споменатиот договор го потпишаа Илбер Села, за АПЈ и Диана Кастрати, за ЦСПА.
Можеби исто така ви се допаѓа