АПЈ отпочнува соработка со Британскиот совет

34
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари онлајн средба со Елеонора Запрова, директорка на Британскиот совет во Република Северна Македонија.
Средбата се одржа на барање на директорот Села, имајќи ја во предвид важноста и искуството на Британскиот совет во областите на образованието, културата, спроведување јазични обуки по англиски јазик и тестирање, како и работа со граѓанскиот сектор.
Директорот Села ја запозна својата соговорничка со работата на АПЈ, идните планирани проекти како што се креирање на дигитален речник (македонско-албански, албанско-македонски, со опција за негова надградба и на англиски јазик), како и отпочнување со функционирање на тренинг центарот за обука на преведувачи и лектори од институциите од јавниот сектор којшто ќе функционира во рамките на АПЈ.
Директорката Запрова изрази отвореност за соработка со АПЈ, а воедно го сподели своето искуство во однос на спроведувањето на јазични обуки и тестирања, како и изработка на методологија за учење на немајчин јазик.
Двете страни ја оценија средбата како мошне корисна и се согласија дека треба да продолжи дијалогот во насока на размена на искуства и идна соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа