АПЈ отпочна соработка со Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски улсуги

288
Денес претставници на АПЈ остварија работен состанок со претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Андриана Скерлев Чакар, Раководител на Сектор за правни работи, Ивона Муфишева, Раководител на Одделение за нормативно-правни работи и Калина Стојановска, Соработник за правни работи и човечки ресурси во Одделение за административно-правни работи.
На состанокот се дискутираше за степенот на имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците во работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, потребните прилагодувања и чекори што треба да се преземат и разјаснување на одредени дилеми околу неговата практична имплементација.
И двете страни изразија подготвеност за соработка и интензивирање на меѓусебниот дијалог во насока на успешна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа