АПЈ и Народниот правобранител во служба на заштита на јазичните права на граѓаните

10

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, денес оствари работна средба со Народниот правобранител г. Насер Зибери.

На средбата, директорот Села му врачи на Народниот правобранител сет на публикации во издание на АПЈ, а го информира и за проектите кои се во тек, како и идните планирани проекти на АПЈ.

Народниот правобранител, како орган кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните, служи како пример за доследна имплементација на Законот за употреба на јазиците. Сепак, во пракса постојат ситуации каде што граѓаните се соочуваат со предизвици во делот на остварување на своите права на службените јазици и во тој дел потребно е заедничко делување на надлежните институции заради заштита и остварување на граѓанските права.

Двете страни се заложија за продолжување на одличната соработка и одржување на дијалог по прашања од заемен интерес.

 

Можеби исто така ви се допаѓа