АПЈ и МПСОЗ доделија сертификати на 65 учесници од Обуката на преведувачи и на лектори од  јавните  институции

36

Денеска, Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ) доделија сертификати на 65 учесници кои учествуваа на Обуката на преведувачи и на лектори од државните институциите, одржана од 6 мај до 7 јули оваа година.На свеченоста присуствуваа и првиот вицепремиер на Владата на РСМ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници на други институции.

„Јазикот и правото на негово користење е еден од четирите столба на Охридскиот договор“, рече вицепремиерот Артан Груби, во своето главно обраќање, додавајќи дека од овој договор никој не загубил, туку победиле граѓаните и државата.

Според него, јазикот станал нормативен дел од Уставот само преку Охридскиот рамковен договор и траел две децении-до завршување на унапредувањето на употребата во јавните институции, додавајќи дека тоа ги прави граѓаните повеќе лојални кон државата и обратно.

„Секогаш повторувам, колку државата е полојална кон заедницата, толку повеќе таа заедница е лојална кон државата. И денес, ние Албанците, како и другите граѓани, сме повеќе лојални на државата“, додаде Груби.

Груби истакна дека Законот за употреба на јазиците не ја регулира само употребата на албанскиот јазик, туку исто така обезбедува можности за употреба на јазиците и на другите заедници во општините, кадешто тие сочинуваат повеќе од 20 проценти, и дека добитници не се само Македонците и Албанците.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во својот поздравен говор се фокусираше на реформите во основното образование, кои создаваат можности-секој да го научи својот јазик, но во исто време да се запознае со јазикот и културата на другите. Обраќајќи им се на преведувачите и на лекторите, кои денеска ги добија сертификатите, таа ги извести дека одговорноста за учебниците за пониските одделенија “ќе падне врз нив“.

Директорот на АПЈ, Илбер Села, му го додели ABC на првиот вицепремиер Артан Груби за неговиот придонес на Владата во создавањето простор и услови за работа. Во своето главно обраќање, тој апелираше до државните и образовните институции, пред се Министерството за образование и наука и трите универзитети („Св. Кирил и Методиј“, УЈИЕ и ТУ) да ја промовираат професионалноста на кадарот потребен за имплементација на јазиците во администрацијата, да обезбедуваат стипендии, и ја повтори потребата да се зголеми статусот на преведувачите од административен персонал до стручен кадар, со оглед на природата на работата и големата одговорност што ја имаат.

Оваа активност се одржа во рамките на одбележувањето на 20 -годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Обуката оваа година ја посетија 65 преведувачи и лектори од 31 институција и учествуваа 15 професори од Република Северна Македонија, Албанија и Косово.

Можеби исто така ви се допаѓа