АПЈ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе реализираат обука за симултан превод

14
Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје предводена од Катарина Живковиќ, програмски асистент во Мисијата.
Тема на дискусија беше продолжување на одличната соработка меѓу двете институции и спроведување нова заедничка активност што се планира да се реализира во текот на месец мај. Станува збор за повеќедневна обука за подобрување на вештините за симултан превод наменета за службениците од Секторот за превод и лекторирање во АПЈ.
Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ ќе биде обезбедена експертска помош за реализација на обуката и тоа двајца искусни обучувачи од оваа област, Блерина Старова Златку и Лукреција Маљковиќ Атанасовска.
Директорот Села се заблагодари за досегашната поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ и истакна дека спроведувањето на заеднички проектни активности што се идентификувани како приоритетни се од особена важност за институцијата и за таа цел АПЈ секогаш останува отворена за соработка.
Скопје, 30.3.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа