АПЈ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање

7
Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, претставувана од директорот Илбер Села, потпиша Меморандум за разбирање со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претставувана од шефот на Мисијата, амбасадорот Клеменс Која.
Меморандумот претставува формализирање на соработката меѓу двете страни во спроведување на заеднички активности за периодот 2021-2024 година преку имплементација на координирани активности насочени кон имплементација на Законот за употреба на јазиците, поддршка на Агенцијата во градење на институционален капацитет и спроведување на нејзините програмски цели, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Како резултат на соработката, по потпишувањето на Меморандумот, започна да се реализира заедничка активност, односно спроведување на тридневна обука која има за цел да ги поддржи заложбите на Агенцијата за зголемување и подобрување на стручните капацитети за изработка и реализација на проекти и проектно управување.
Можеби исто така ви се допаѓа