АПЈ и МАПАС договорија заедничка соработка

24

Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна средба со делегација од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставена од Шпреса Реџепи, советник за човечки ресурси, и Дионис Стратров, раководител на Одделението за административни работи и јавни набавки.

На работната средба се дискутираше за состојбата околу усогласувањето на работата на МАПАС со одредбите од Законот за употреба на јазиците, начинот на соработка околу превод на подзаконски акти и службени обрасци, како и лекторирање акти на МАПАС коишто се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Директорот Села ја изрази подготвеноста на АПЈ за поддршка на работата на МАПАС како институционален субјект што врши супервизија на работењето на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на нивните членови, односно осигурениците.

Двете страни се согласија дека ваквите средби се од заемна корист и дека координацијата на меѓуинституционално ниво ќе продолжи на редовна основа.

 

Можеби исто така ви се допаѓа