АПЈ и МАНУ наскоро ќе потпишат меморандум за соработка

101

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска се сретна со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – академик Таки Фити за да видиме одблизу дали оваа врвна научна институција започна со спроведување на првата фаза од своите обврски кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

За време на средбата беше забележано дека МАНУ доцни во спроведувањето на првата фаза од обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, при што академикот Фити изрази подготвеност дека, по промената на законот за МАНУ, ќе бидат подготвени да ги направат потребните измени за да ги спроведат постапките предвидени со Закон.

Директорот Села во оваа пригода рече дека примената на албанскиот јазик од оваа висока научна институција, како што е МАНУ, ќе биде дополнителен пример и мотив за другите научни и културни институции во земјава имајќи го предвид јазикот на другиот како вредност, а не како хендикеп.

Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити, му се заблагодари на директорот Села за овие значајни средби што ги одржува во институциите на земјата, давајќи поддршка и помош за официјално спроведување на албанскиот јазик, како што е предвидено со Законот за употреба на јазиците.

На крајот на средбата, двете страни изразија заеднички интерес да потпишат меморандум за соработка, како основа за размена на институционални искуства.

Можеби исто така ви се допаѓа