АПЈ и МАЛМЕД ја зајакнуваат соработката

48
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари работна средба со Лирим Шабани, в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).
Ова е втора посета на директорот Села на МАЛМЕД, пришто средбата беше искористена да се реафирмира интересот за соработка на АПЈ со МАЛМЕД, обезбедување консултации и помош за јазични прашања, како и лекторирање на службени акти, обрасци, формулари и лиценци од делокругот на работа на МАЛМЕД.
Воедно, на средбата се дискутираше за имплементацијата на Законот за употреба на јазиците во работата на МАЛМЕД, а беше разговарано и за интересот на граѓаните како потрошувачи да им биде овозможено упатствата за употреба на лековите и медицинските средства да бидат напишани на службените јазици.
Двете страни се заложија за интензивирање на соработката и продолжување на меѓусебниот дијалог.
Можеби исто така ви се допаѓа