АПЈ започна со поделба на летокот за јазичните права

36
Административните службеници на Агенцијатa за примена на јазикот (АПЈ) денес започнаа да делат летоци за основните јазични права во Република Северна Македонија, активност која ќе трае во наредните денови.
Целта на објавувањето и поделбата на овој леток е граѓаните да бидат информирани за нивните основни јазични права. Овoj содржи доволно и точни информации, како и појаснува каде граѓаните можат да го користат својот мајчин јазик во државните институции.
Граѓаните исто така се информираат дека во која било јавна или општинска институција, каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат на својот мајчин јазик, имаат законско право да го користат и официјално да им се обраќаат.
На овој начин АПЈ го афирмира и промовира ова основно право преку досега објавените различни летоци, прирачници или упатства.
Можеби исто така ви се допаѓа