АПЈ – дел од стратегијата на албанологијата

12
На оваа работна средба одржана на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, на тема „За стратегија на албанологијата“, организирана од Академијата за албанолошки студии, учествуваше директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села со неговите соработници. Тој ги поздрави присутните, нагласувајќи дека АПЈ е активна на овие работни средби, давајќи свој придонес и соработувајќи во однос на научниот третман на албанскиот јазик. На овој начин, тој истакна дека заедно можеме да направиме многу значајни дела кои се во интерес на албанскиот јазик, како и стремење кон една стратегија за албанологијата.
Исто така, директорот Села оствари средба и со ректорот на Универзитетот во Скадар, г-ѓа Сузана Големи, како и со претставници од Катедрата за лингвистика.
Исто така, директорот Илбер Села оствари и многу други средби со претставници од различни институции кои учествуваа на оваа работна средба и коишто изразија особен интерес за АПЈ и нејзината работа. Во оваа прилика, Села им понуди соработка за сé што е од заеднички интерес.
Можеби исто така ви се допаѓа