АПЈ го промовира Прирачникот за административните службеници за примена на Законот за употреба на јазиците

102
Денес во Агенцијата за примена на јазикот во Скопје, беше промовиран Прирачникот за административните службеници, во врска со примена на Законот за употреба на јазиците. Пред присутните зборуваше директорот на АПJ, Илбер Села, кој истакна дека целта на овој прирачник е да ги ориентира и да им ја олесни работата на административните службеници во државните институции.
Во оваа прилика зборуваше и Ајтене Ќамили, една од коавторите на прирачникот, која се фокусираше на практичните упатства за тоа како треба да се пишуваат службени документи. Неколку зборови кажа и професорот Башким Селмани, исто така еден од составувачите на прирачникот, потенцирајќи дека сега албанскиот јазик има институционална адреса, а тоа е АПЈ која што го подготви овој прирачник.
Овој Прирачник е подготвен целосно врз основа на Законот за употреба на јазиците, во кој јасно се дефинираат кои се службените јазици во РСМ, кое е индивидуалното право на службениците за комуницирање преку нив, кои се обврските што треба да ги вршат, итн.
Во него се дадени и сите потребни обрасци што им се потребни во областа на административното комуницирање: како се пишува молба, барање, соопштение, записник, покана, договор, жалба итн.
Во составувањето на овој Прирачник учествуваа: лингвисти, наставници, истражувачи од земјава и од странство, со надеж дека на административните службеници ќе им стане основен прирачник во нивната секојдневна работа.
Можеби исто така ви се допаѓа