АПЈ го посети делегација од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

102

Денес, Агенцијата за примена на јазикот го посети делегација од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, предводена од шефот на кабинетот, Мухарем Асани, кој беше примен од страна на директорот на Агенцијата, Илбер Села.
Горенаведената институција, откако го примил Водичот, кој Агенцијата за примена на јазикот пред некој ден го промовираше, изрази интерес да се запознае одблиску со работата на Агенцијата, но и за разјаснување на дилемите и пречките кои се појавуваат во примената на јазикот во оваа важна и комплексна институција.
Во состанокот се разговараше за многу прашања кои се од доменот на примената на двојазичноста во таа институција, особено за тешкотите и дилемите што се појавуваат во овој процес.
Првата фаза на примена на двојазичноста во ФПИО веќе е завршена, но и втората фаза треба набргу га ги надмине тешкотите и пречките, поради обемната дејност во целата земја.
И двете страни изразија интерес за соработка во иднина и дека треба да се примени тоа што е нагласено во Законот за примена на јазиците.
Во ова прилика директорот Илбер Села понуди конкретна помош за превод и лекторирање на документите и разните образци за потребите на таа институција.

Можеби исто така ви се допаѓа