АПЈ го одбележа Меѓународниот ден на преводот

78
По повод Меѓународниот ден на преводот, Агенцијата за примена на јазикот денес одржа специјална активност посветена на овој датум. Овој настан беше поврзан со промоција на две книги, имено „Пишувања за преводот“ од Џеват Лоши и „Основи на преводот и толкувањето“ од Исмаил Хамити.
Професорката Ајтен Хајдари Ќамили одржа главен говор за книгата на Џеват Лоши, објавена од страна на АПЈ, и зборуваше за нејзината содржина и посебните вредности. Таа исто така зборуваше и за книгата на Исмаил Хамити, фокусирајќи се на структурата и важноста на оваа книга што се занимава со прашањето на преводот и толкувањето.
Покрај тоа, за книгата на Џеват Лоши зборуваше и референтот Наим Бериша од Институтот за албанологија во Приштина, кој што ја истакна личноста на лингвистот Џеват Лоши, и истовремено нагласувајќи и некои аспекти што ја карактеризираат неговата книга.
Во оваа пригода зборуваше и Хидајете Азизи од ИДКНА, која ги истакна важните аспекти на двете книги, имено она на Џеват Лоши и таа на Исмаил Хамити.
Истотака во оваа промоција збор имаше и Бертон Сулејмани, декан на Филолошкиот факултет на УТ, кој што ги истакна научните вредности на книгата на Џеват Лоши „Пишувања за преводот“.
На крај, преку интернет-врска, во овој настан беше вклучен и Џеват Лоши, кој и се заблагодари на Агенцијата за примена на јазикот за објавувањето на неговата книга, како и за организирањето на оваа промоција. Меѓу другото, тој истакна дека својата книга и ја доверил на АПЈ за објавување заради почитта и солидарноста што ја има кон оваа институција која работи исклучително сериозна работа за албанскиот јазик.
На учесниците им се обрати и Исмаил Хамити кој им се заблагодари на сите што дадоа придонес во објавувањето на неговата книга, особено на АПЈ што ја промовираше истата.
Можеби исто така ви се допаѓа