АПЈ го одбележа Европскиот ден на јазиците

100
По повод 26-ти септември – Европскиот ден на јазиците, АПЈ организираше тркалезна маса во Клубот на пратеници на тема „Повеќејазичноста во Република Северна Македонија – шанса или пречка во процесот на изградба на демократско граѓанско општество“.
Директорот на АПЈ, Илбер Села, имаше свое излагање пред присутните учесници, гости и претставници на медиуми, истакнувајќи дека АПЈ ја препознава важноста на овој симболичен датум на којшто се одбележува повеќејазичноста и јазичната разновидност во Европа и дека АПЈ ќе продолжи да го одбележува овој значаен датум бидејќи степенот на почитување и негување на јазичниот диверзитет е одраз на степенот на демократски развој на секоја држава.
На тркалезната маса свое излагање имаа и Џелал Хоџиќ, заменик-директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците; Ана Попова Манасиевска, претседателка на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ); Дијана Тренеска, национален претставник на Советот на Европа за одбележување на Европскиот ден на јазиците и претставник од Министерството за образование и наука; Драгана Ѓореска, професор во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, како и универзитетскиот професор Ајтен Хајдари-Ќамили.
Можеби исто така ви се допаѓа