АПЈ го одбележа Денот на мајчиниот јазик со изложбата под наслов „Нашиот јазик колку е добар…“

10
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во попладневните часови во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје, се отвори изложба под наслов „Нашиот јазик колку е добар…“, организирана од страна на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, во соработка со Националниот историски музеј во Тирана.
На почеток двете талентирани виолинистки, Дорина Селмани и Елса Азири, ја изведоа познатата песна „Слевање во песна и предавање“. Потоа присутните ги поздрави директорот на АПЈ, Илбер Села, којшто зборуваше за значењето на овој ден, како и за постојаниот ангажман на АПЈ за примената, заштитата, негата и афирмацијата на албанскиот јазик во сите можни форми.
Исто така, по тој повод, учесниците ги поздрави и директорот на Националниот историски музеј во Тирана, Доријан Кочи, амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Фатос Река и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Скендер Асани.
Исто така, по повод изложбата под наслов „Нашиот јазик колку е добар…“, збор зеде и историчарката на уметност, Амра Исмани, којашто зборуваше за содржината и значењето на споменатата изложба.
Можеби исто така ви се допаѓа