АПЈ ги преведе обрасците на МВР на албански јазик

Фотографија : Архива
68
По неуморна работа, Агенцијата за примена на јазикот успеа да преведе и да лекторира голем број обрасци на Министерството за внатрешни работи – Оддел за граѓански работи.
Секако, ова е резултат на плодната соработка помеѓу овие две институции, по состанокот помеѓу директорот на АПЈ, Илбер Села, со помошник-министерот на МВР, Џевдет Азизи. Како резултат на ова, отсега понатаму граѓаните Албанци за нивните потреби ќе можат да ги пополнат обрасците и на албански јазик.
Се разбира, оваа заложба на АПЈ ќе продолжи и понатаму со цел исполнување на своите обврски, помагајќи им и на другите институции. Затоа, АПЈ ги поттикнува и другите институции да се обратат до Агенцијата и да побараат помош.
Можеби исто така ви се допаѓа