Амбасадорот на Република Косово, Ѓерѓ Дедај, ја посети Агенцијата за примена на јазикот

73

Амбасадорот на Република Косово, Ѓерѓ Дедај, ја посети Агенцијата за примена на јазикот

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска го пречека aмбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај.

На средбата директорот на Агенцијата го информираше амбасадорот Дедај за основањето на институцијата, нејзината улога, мисијата, преземените мерки и за идните активности.

Амбасадорот Дедај му посака успех на директорот на Агенцијата и неговиот тим за преземањето на мерките за спроведување на законот, од страна на државните институции.

Дедај рече дека РСМ е соседна држава на Косово и секогаш соработувале за напредокот на државите за членство во НАТО и ЕУ. Затоа, според него, државата треба да ги почитува законите и јазичните права.

„Северна Македонија, за да ги прифати европските стандарди, треба да ги усвои и спроведува законите за јазична еднаквост, култура итн., со што се надеваме дека Македонија ќе биде членка на НАТО, и Косово силно го поддржува во тоа“, рече Дедај.

Етничката и јазичната еднаквост е од суштинско прашање за функционирањето на една држава, рече на крај амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај.

Можеби исто така ви се допаѓа