Амбасадорот на Албанија ја посети Агенцијата за примена на јазикот

61

Амбасадорот на Албанија ја посети Агенцијата за примена на јазикот

Во просториите на Агенцијата за примена на јазикот денеска имаше средба помеѓу директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, и Амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Фатос Река.

На средбата се дискутираа низа прашања кои се од суштинска важност за функционирањето на Агенцијата и преземањето мерки за справување со предизвиците.

За време на состанокот, директорот Села го информираше Амбасадорот Река за тековната работа на Агенцијата, како и за следните чекори што ќе ги преземе Агенцијата.

Амбасадорот Река изрази подготвеност за соработка помеѓу Агенцијата и соодветните институции во Република Албанија во иднина.

Амбасадорот Река истакна верба дека, благодарение на решеноста и подготвеноста на директорот на Агенцијата и неговиот тим, ќе има напредок во примената на албанскиот јазик, што оди во полза на земјата.

„За албанскиот фактор во РСМ е големо достигнување усвојувањето и примената на Законот за употреба на јазиците и ова претставува можност за примена на коректен, стандарден и јазик без дијалектизми, како што ѝ личи на албанскиот јазик“, рече Амбасадорот Река.

Можеби исто така ви се допаѓа